|

ВО СПОМЕН НА ЈАДРАНКА ВЛАДОВА

Културно Информативен Центар -Скопје, ве поканува на Литературна вечер посветена на Јадранка Владова, на ден 6.11.2012год.(вторник),Салон 19:19, почеток во 19:19 часот. Јадранка Владова- раскажувач, романсиер, есеист, критичар, книжевен теоретичар, преведувач. Родена во Скопје 1956год. На Филолошкиот факултет во Скопје ги предавала предметите Светска литература и Литература за деца. Била лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага. Член на Македонскиот ПЕН центар и ДПМ. Автор е на книгите: “Скарбо во мојот двор“ (раскази), “Волшебноста на зборот“ (есеи и критики), “Девојчето со две имиња“ (роман за деца) и многу други. Починала на 11.12.2004год. За нејзиното творештво ќе говорат, Ангелина Бановиќ Марковска и Трајче Стамески, а извадоци од нејзините дела ќе чита Оливера Ќорвезироска.

Similar Posts