|

Pециталот на АЛБАНА МУСТАФА,флејта, ЏЕЗИРЕ АЛИТИ,флејта во пијано придружба на ДАРКО МАРИНОВСКИ

„ДОАЃАМЕ…“ – Рецитал Албана Мустафа, флејта

                                            Џезире Алити, флејта

                                            Дарко Мариновски, пијано

 

 

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве

покани  на рециталот на АЛБАНА МУСТАФА,флејта, ЏЕЗИРЕ АЛИТИ,флејта во пијано придружба на ДАРКО МАРИНОВСКИ, 23.03.2011 /среда/, Салон 19,19, 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Шуберт, Доплер, Пуланк и Борне.

           Албана Мустафа е родена 1991 год. во Струга. Нижо о средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во класата на проф. Р. Ѓогановска.Сега е студент втора година на Државниот универзитет во Тетово во класата на проф. Јета Старова Мехмети. Добитник на награди на државни натпревари. Во текот на образованието настапува рециталски и со оркестар во Македонија, Бугарија, Косово, Црна Гора…

           Џезире Алити е родена 1990 год. во Глоѓе-Тетовско. Нижо и средно музичко образование завршува во Музичкото училиште “Тодор Скаловски-Тетоец”. Сега е студент втора година на Државниот универзитет во Тетово во класата на проф. Јета Старова Мехмети. Добитник на награди на државни и меѓународни натпревари. Во текот на образованието настапува на групни и силистички концерти во Македонија и надвор.

        Рециталот е во рамките на циклусот “Доаѓаме…” преку кој КИЦ продолжува со традицијата на ексклузивни концерти на млади инструменталисти – ученици и студенти на музичко-образовните институции во Р. Македонија.

Similar Posts