|

Kонцерт со хорот на Косовска Филхармонија

Културно-Информативен  Центар  –  Скопје, има особена чест и задоволство да  ве покани на концертот, со хорот на Косовска Филхармонија,  17.12.2010 год. /петок/, Сала Империал 1, во 20:00 часот.

Хорот на Косовската Филхармонија, со своите 50 професионални членови, ја продолжува работата на проферионалниот хор на поранешна Радио – Телевизија Приштина. Хорат на Косовска Филхармонија работи  со успешни настапи од 1980 година, под водство на тогашниот и актуелниот диригент Рафет Руди. Хорот продулжува да ја негува традицијата на хорското пеење, кое во Косово постои уште од 1945.

До сега хорот имал низа важни настапи во Косово и надвор, со програма на пеење A CAPELLA : во Пула, Пореч, (Хрватска), Скопје, Тирана, Драч и други.

Во соработка со Симфониски Оркестар на Филхармонија продолжува да реализира големи дела, вокално инструментални, многу важни  во музичкиот живот во Косово

Similar Posts