|

Литературна вечер во КИЦ

книги:  “Ѕидан сон” , поетски избор и изборот КРИТИКИ И  ЕСЕИ, 08.04.2010 год. (четврток), Салон 19.19, почеток во 19.19 час.Тодор Чаловски е истакнат современ македонски писател. Дипломирал на Филолошки факултет во Скопје, во групата книжевности со македонски јазик. Соработувал и објавувал свои текстови во повеќе весници и периодични книжевни публикации. Работел во Македонско радио извршувајќи повеќе одговорни должности.

Тодор Чаловски пишува поезија, критичко-есеистички текстови, а активно  се занимава и со литературен превод и препев. Неговите стихови се преведени на дваесетина јазици кај нас и во светот.  Објавени поетски книги “Ноќ во која те нема”, “Ноќен часослов”, “Јадро” и др.За творештвото ќе говорат проф. др. Весна Мојсова Чепишевска и проф. др. Владимир Мартиновски, интерпретација на текстови  Славко Нинов, артист, музичка изведба, Никола Атанасов, флејта и Јасминка Чакар, пијано.

Similar Posts