|

Рецитал на Панделина Атанасова

Културно – Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на Панделина Атанасова, пијано, 23.04.2010 год (петок),Музеј на Град Скопје, 20.00 часот.

На програмата ќе бидат изведени дела од Скарлати,Бах, Бетовен, Шопен, Ухлик и Лист.Панделина Атанасова е родена 1991 година во Кавадарци,нижо музичко образование започнува на петгодишна возраст во родниот град.Со музичка наобразба продолжува во ДМБУЦ  “Илија Николовски – Луј”  во Скопје во класата на проф. Снежана Анастасова Чадиковска,каде е четврта година средно образование.Добитник е на 7 награди на државни натпревари за ученици и студенти по музика и интерни натпревари на ДМБУЦ “ Илија Николовски – Луј “ и 19 награди на меѓународни натпревари за млади во Македонија, Србија, Хрватска, САД и Франција.

Настапува на бројни,групни и солистички концерти на ДМБУЦ “ Илија Николовски – Луј “, МММ, „Скопско лето“, во Кaвадарци. Како солист двапати настапи со Македонската филхармонија.Настапува на групни концерти на млади музичари  во САД, Русија, Бугарија, Србија, Чешка, Хрватска. Рециталот на Панделина Атанасова е во рамките на циклусот “Доаѓаме ” преку кој КИЦ продолжува со традицијата на ексклузивни концерти на оние таленти кои веќе ја аргументирале својата концертна перспективност низ бројни настапи за своите учебни институции, за МММ, како солисти на “ Подиумите на млади “ на МФ, но исто така и низ бројните освоени награди на државните и меѓународни натпревари за ученици и студенти по музика.

Similar Posts