|

Рецитал на Паскал Краповски

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на ПАСКАЛ КРАПОВСКИ, виолончело, МИЛИЦА ШКАРИЌ, пијано, 05.05.2010 час. /среда/, Салон 19,19, почеток во 20,00 час.

На програмата ќе бидат изведени дела од Гранадос, Форе, Коци, Петрович, Абасов и Прокофјев. Паскал Краповски, роден во Скопје 1979 година, потекнува од семејство со долгогодишна музичка традиција, над 150 години. Основно и средно музичко образование завршува во ДМУБЦ “Илија Николовски Луј“ во Скопје во класата на проф. Диме Стојанов. Дипломира и магистрира на Музичката академија “Панчо Владигеров„ во Софија во класите на проф. Анатоли Крстев-виолончело соло и проф. проф. Васил Казанџиеви Венцеслав Николов-камерна музика.

Учесник на мајсторски курсеви по виолончело раководени од видни солисти и професори Минео Хајаши, Анатоли Крстев, Милош Млејник, Албан Герхард.Повеќекратен лауреат на државни натпревари во категорија виолончело соло и камерна музика. Настапува на значајни фестивали и манифестации во Македонија и Европа. Солистички настапува со Македонската филхармонија и Камерниот оркестар на МФ. Водач на виолончела во Македонската филхармонија и Камерниот оркестар на МФ. Членува во “Music Progressive Quartet“ , Квартет „БРЕВИС“, Ансамбл за современа музика “АЛЕА“.Паскал

Краповски е професор по виолончело во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј“ и на ФМУ на Државниот универзитет “Гоце Делчев“ во Штип.

Similar Posts