|

Јубилејна изложба – 40 години ликовно творештво од ЖАРКО ЈАКИМОВСКИ

Ве информираме дека во Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбените салони – Империјал 1 и 2, вторник, 3 декември 2013 год. во 20:00 ч. ќе се отвори Јубилејна изложба – 40 години ликовно творештво (1973 – 2013 ) на ЖАРКО ЈАКИМОВСКИ.

Жарко Јакимовски на својата јубилејна изложба ќе се претстави со цртежи, пастели и слики работени во текот на неговиот богат и успешен 40 – годишен ликовен творечки опус.
Роден е 1948 год. во Скопје. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана 1974 год. Член е на ДЛУМ. Од 1976 до денес реализирал 14 самостојни изложби – во Р. Македонија ( 12 ), Австрија ( 1 ) и Германија (1). Учествувал на многу групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 6 награди од кои: награди за цртеж „Климент Охридски“ од ДЛУМ и на VII триенале на југословенски цртеж; награди за сликарство „Лазар Личеноски“ , „Нерешки Мајстори“ од ДЛУМ и на изложбата „Млада генерација 4“; награда Гран при на IV Зимски салон на ДЛУМ, 1995.
Изложбата ќе биде отворена до 21 декември 2013 год.

Similar Posts