|

ТЕУТА Х. ИМЕРИ

Ве информираме дека во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот  салон – Империјал 1  , вторник, 20 ноември  2018 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложбата – инсталација „Woman’ s hat 1951 … “од ликовниот уметник Теута Х. Имери.

Изложбата ќе биде отворена до 01. 12. 2018 год.

Теута Х.Имери  е  родена 1986 год во Струга. Основно  и средно училиште завршила во родниот крај, а дипломира  на Факултетот за  Ликовна Уметност  во Скопје,  оддел графика и  графички дизајн, кај проф.Костадин Танчев Динка. Работи како професор по ликовна уметност. Реализирала осум самостојни изложби во Македонија, Бугарија и САД.

Similar Posts