|

СРЕДБА СО ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ

Културно-Информативен Центар -Скопје, ве поканува на Литературна вечер посветена на Горјан Петревски, по повод 60 годишен јубилеј и промоција на неговиот најнов роман „Ехото на старата тага“ во издание на „Детска радост”, на ден 15.12.2011год.(четврток),Салон- Империјал 1, почеток во 19,19 часот.

 

Горјан Петревски, раскажувач, романсиер за деца и млади. Студирал на Филолошкиот факултет на групата југословенска книжевност. Десетина години работел на документарната и играната програма на Редакцијата за деца и млади на МТВ, потоа како новинар и уредник во забавникот „Наш свет“, бил одговорен уредник на списанието за деца „Развигор“, одговорен уредник на издавачката дејност во „Детска радост“, која сега работи во составот на „Просветно дело“, каде што и професионално е ангажиран како писател.

Сега е одговорен уредник на списанието „Стожер“.

Автор е на книгите: „Гороцвет“ (раскази), „Споменка“ (роман), „Што е љубовта“ (сликовница), „Сама“ (роман), „Марта“ (роман) и други.

Добитник е на поеќе награди.

За неговото творештво ќе зборуваат, Иван Антоновски и Тања Атанасовска, а извадоци од делата ќе чита Томе Витанов.

Similar Posts