|

СОНАТНА ВЕЧЕР

ДАНИЕЛ АПОСТОЛОВ, фагот КАТЕРИНА ГЕЛЕБЕШЕВА КОСТАДИНОВСКА, пијано ПЕТРУШ ПЕТРУШЕВСКИ, контрабас, к.г.

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на сонатна вечер на ДАНИЕЛ АПОСТОЛОВ,фагот и КАТЕРИНА ГЕЛЕБЕШЕВА КОСТАДИНОВСКА,пијано, 28.10.2011/петок/, Музеј на град Скопје,20.00 часот. Како гостин на вечерта ќе биде Петруш Петрушевски, контрабас. На програмата ќе бидат изведени дела од  Тансман,Фаш, Девиен и Сен-Санс.

Даниел Апостолов е роден во Скопје. Основно/оддел пијано/ и средно музичко образование/оддел фагот/ завршува во ДМБУЦ  “Илија Николовски-Луј” во Скопје.

Дипломира  на ФМУ во Скопје со највисока оценка  CUM LAUDE. Со музичкота наобразба продолжува во Љубљана на постдипломски студии во класата на проф. Б. Тумпеј, а потоа во Вирцбург, Германија во класата на проф. А. Холдер. Учесник на бројни семинари по фагот раководени од еминентни солисти и професори. Добитник на награди на државни и меѓународни натпревари.

Дание Апостолов како солист и камерен музичар реализира многубројни концерти во Македонија, Италија, Словенија, Бугарија, Австрија, Германија, БиХ…

Член на Македонската филхармонија и доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Similar Posts