|

СОНАТНА ВЕЧЕР DUO DALI ,Германија, Лиза Марија Шуман,виолина Дарко Костовски,пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на сонатната вечер на DUO DALI, Германија во состав ЛИЗА МАРИЈА ШУМАН,виолина и ДАРКО КОСТОВСКИ,пијано што ќе се одржи на 22. октомври 2013/вторник/ во Салонот 19:19 со почеток во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт, Григ и Франк.

 

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на сонатната вечер на DUO DALI, Германија во состав ЛИЗА МАРИЈА ШУМАН,виолина и ДАРКО КОСТОВСКИ,пијано што ќе се одржи на 22. октомври 2013/вторник/ во Салонот 19:19 со почеток во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт, Григ и Франк.
DUO DALI, формирано во 2010 година, го сочинуваат Лиза Марија Шуман,виолина и Дарко Костовски,пијано. Мотивирани од желбата за камерна музика со создавање на континуитет во камерното творештво, кај Лиза Марија Шуман и Дарко Костовски, исклучителни солисти и признаени уметници, се раѓа идејата за основање на DUO DALI. Воедно целта им беше да се комбинираат и изразуваат музичките квалитети на соло и камерни дела на највисоко ниво. Од самиот почеток DUO DALI развива широк репертоар на композиции кој се движи од барокот до современи дела. Во последниве години DUO DALI реализира бројни концерти во Германија и пошироко со полн ентузијазам и свеж начин во приодот кон класичната музика. Во 2014 се очекува излегување на првото CD со дела од Бетовен.
ЛИЗА МАРИЈА ШУМАН е роден 1988 во Келн, Германија. Први часови по виолина добива веќе на 4-годишна возраст,за да во 1996 победи на Државниот натпревар “Jugend Musiziert”. На 11-годишна возраст станува дел од класата на светски познат професор Захар Брон на Музичката академија во Келн. Учесник на бројни семинари ширум Европа и во Јапонија раководени од видни професории солисти. Добитник на повеќе негради на државни и меѓународни натпревари. Реализира многубројни солистички и настапи со оркестар во Германија, Франција, Шведска, Австрија, Швајцарија, Јапонија… Како камерен музичар и солист настапува со видни уметници . Свири на светски позната виолина FERDINANDO GAGLIANO-Neapol 1795.
ДАРКО КОСТОВСКИ е роден 1978 во Скопје. Први часови по виолина добива во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во класите на проф. А. Ислам, М. Писинова и Б. Романов. На 15-годишна возраст, како најмлад студент, примен е на Музичката академија во Келн во класата на проф. Арбо Валдма каде дипломира 2000-та со највисока оцена CUM LAUDE и магистрира 2004-та. Учесник на бројни семинари под раководство на еминентни солисти и професори. Добитник на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Дарко Костовски има богата концертна активност со солистички и настапи со оркестар во Македонија, ширум Европа, Египет… Неговиот ентузијазам за камерна музика во 2010-та го води до основањето на DUO DALI со Лиза Марија Шуман. 

Similar Posts