|

РЕЦИТАЛ СОФИЈА НИКОСКА, виолина ХРИСТИНА НИКОСКА, пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на СОФИЈА НИКОСКА,виолина и ХРИСТИНА НИКОСКА,пијано, вторник-25.12.2012. – Салон 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Зографски, Бах, Моцарт, Франк и Ваксман.

Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп, каде на 6-годишна возраст го започнува музичкото образование. Средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во Скопје. Дипломира на ФМУ во Скопје со највисока оценка CUM LAUDE во класата на проф. Олег Кондратенко. Сега е студент на Кралскиот колеџ за музика “Queen Sofia” во Мадрид во класата на светски познато име проф. Захар Брон. Учесник и добитник на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Реализира многубројни рецитали и настапи со оркестар во Македонија и надвор. Младата виолинистка Софија Никоска ја вбројуваат во една од најдобрите виолинисти во Македонија и пошироко.
Христина Никоска е родена 1989 во Прилеп каде го започнува своето музичко образование. Средно музичко образование завршува во ДМБУЦ“Илија Николовски-Луј” во Скопје во класата на проф. Љ. Романова. Дипломира на ФМУ во Скопје во класата на проф. Марија Ѓошевска. Учесник на повеќе семинари раководени од еминентни педагози од Македонија и други земји. Учесник и добитник на награди на државни и меѓународни натпревари. Концертна активност на Христина Никоска покрај солистички настапи во Македонија и надвор опфаќа и бројни настапи како камерен музичар.

Similar Posts