|

РЕЦИТАЛ, Ивана Здравкова,сопран, Зана Имери,пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Ивана Здравкова,сопран и Зана Имери,пијано, што ќе се одржи на 8.04.2014/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот.

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Ивана Здравкова,сопран и Зана Имери,пијано, што ќе се одржи на 8.04.2014/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хумпердинк, Тости, Рахманинов, Рота, Белини и Доницети. 
Ивана Здравкова, сопран родена 1989г. во Скопје. Започнува со изучување на балет и пијано во Мелбурн-Австралија. Средно музичко училиште отсек соло-пеење го завршува при МБУЦ „Илија Николовски Луј“во Скопје. Дипломира на ФМУ во Скопје, со највисока оцена „Cum Laude“ во класата на проф. Весна Ѓиновска Илкова. Во 2014г. Магистрира во Грац-Австрија.
За време на школувањето има остварено два рецитали и има учествувано на многу концерти и фестивали.
Добитник е на повеќе награди.
Во МОБ настапувала со улогите Папатена „Волшебната флејта“- Моцарт и Олимпија во „Хофманови приказни“- Овенбах и на отворањето на „Мајски оперски вечери“.
Во Грац-Австрија ги остварува улогите: Моника“Медиум“- Монети, Диро, Белинда „Дидо и Енеас“- Персел, како кавер во оперската куќа во Грац и други значајни улоги.
Зана Имери, дипломиран пијанист при ФМУ во класата на проф. Тодор Светиев. Основно и средно образование го завршила во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје во класата на проф. Слаѓана Јовановиќ. При крај е со постдипломските студии кај проф. Тодор Светиев.
Добитник е на многу значајни награди и дипломи.
Настапувала на многу концерти низ Македонија и странство.

Similar Posts