|

Рецитал, ЗАНА ИМЕРИ-пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Зана Имери,пијано, што ќе се одржи на 16.12.2014/вторник/ во Музеј на град Скопје во 20. часот.

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Зана Имери,пијано, што ќе се одржи на 16.12.2014/вторник/ во Музеј на град Скопје во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Хајдн,Шуман и Рахманинов .
Зана Имери дипломиран пијанист при ФМУ во класата на проф. Тодор Светиев. Основно и средно образование го завршилa во Скопје во ДМБУЦ “Илија Николовски -Луј” во класата на проф. Слаѓана Јовановиќ. Постдипломските студии ги завршилa кај проф. Тодор Светиев во 2014 год.
Се има здобиено со многу главни награди и дипломи меѓу кои се:
2000 год – втора награда на државен натпревар во Скопје
2004 год- втора награда на државен натпревар во Скопје
2004 год– трета награда на светски натпревар “Николај Рубинштајн” во Париз, Франција
2006 год- прва награда на рајонски натпревар Арс Косова во Приштина, Косово.
2006 год – Прва награда на натпреварот “pianoteachers” во Њу Џерси, САД
2006 год- трета награда на Охридси бисери
2007 год.- Трета година на ЕПТА, Тирана Албанија
2007 год – втора награда на државен натпревар во Скопје
2007 год – втора награда на рајонскиот натпревар Арс Косова, Приштина, Косово
2007 год – трета награда на “Македониум” во Скопје
2007 год – прва награда за најдобро изведено македонско дело на “Македониум” Скопје
2008 год –диплома на светски натпревар “Rovere D’oro” во Сан Бартоломео ал Маре, Италија
2012 год- трета награда на Езерски Бисери Струга, Македонија
Има настапено на многу концерти низ Македонија,учествувала на многубројни семинари во земјата и странство, исто така и има учествувано на разни концерти како Албанија, Косово, Чешка итн… Работи во основно и средно музичко училиште во Скопје.

Similar Posts