|

РЕЦИТАЛ ЕРА ХОЏА,сопран,МИСБАХ КАЧАМАКУ,пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал Ера Хоџа,сопран, Мисбах Качамаку, пијано што ќе се одржи на 11.12.2013/среда/ во Салонот 19:19 во 20. часот.

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал Ера Хоџа,сопран, Мисбах Качамаку, пијано што ќе се одржи на 11.12.2013/среда/ во Салонот 19:19 во 20. часот.
Ера Хоџа е родена во 1981год., во Скопје, каде го завршила основното и средно музичко училиште.Дипломирала на Академијата за Музичка уметност, насока- канто во Тирана.
Првите музички чекори ги направила како мала, со учество на разни активности проследено со награди, дипломи и признанија.Учествува заедно со многу познати европски музички имиња.
Во 2004г., го завршува факултетот со највисока оцена.
Ера Хоџа чекори со доверба,триумфирајќи со нејзиниот дар од Господ- нејзиниот прекрасен глас. Нејзиниот статус е „слободен уметник“.

Мисбах Качамаку е роден во Митровица во 1968 година. Средното училиште завршил во Приштина. Студиите ги продолжл во Москва, Русија во руската академија “Гњесиних“. Специјализација му е виенската музика од “Josef Haydn Conservatorium” Eisenstadt – Австрија. Постдипломските студии ги продолжил на Факултетот за музичка уметност – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје Македонија, во класата на проф. Јасмина Чакар каде ја добива титулата магистар по пијано.
Во моментов е професор на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот во Приштина.

Similar Posts