|

Рецитал ДУО ПИЈАНО ГЕЛЕБЕШЕВИ

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на ДУО ПИЈАНО ГЕЛЕБЕШЕВИ / Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев/, 16.12.2011/петок/, Музеј на град Скопје – 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Мошковски, Сен-Санс и Лист.

 

Дуо пијано ГЕЛЕБЕШЕВИ својот прв настап го бележи 1997 година, но на македонската музичка сцена се етаблираат 2001 со првите трајни снимки за МРТВ. Од тогаш реализира многубројни концерти во Македонија, речиси во сите градови, како и на сите најзначајни фестивали: “Охридско лето”, “Интерфест”-Битола, “Златна лира”, “Хераклејски вечери”-Битола, “Денови на македонска музика”… Со настапот во Париз 2005 по повод светскиот ден на музиката Дуото Гелебешеви ја започнува меѓународната кариера . Следуваат концерти во Италија, Холандија, Србија, Романија, Полска, Бугарија… Во 2008 оздава прво CD со дела од Барток, Шабрије, Дебиси, Шопен и Хачатуријан.

Similar Posts