|

РЕЦИТАЛ ДИНО ИМЕРИ, пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рециталот на ДИНО ИМЕРИ, пијано, 30.10.2012. /вторник/ – Музеј на Град Скопје, 20.00 часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Брамс, Лист и Рахмањинов.

Дино Имери,роден воСкопје 1990., еден е од најталентираните македонски пијанисти од помладата генерација. Потекнува од едно од најстарите музички семејства во Ј. Европа. Нижо и средно музичко образивание завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” во класата на проф. Љ. Романова. Дипломира на ФМУ во Скопје со највисока оценка CUM LAUDE во класата на проф. Б. Романов. Сега е на постдипломски студии на ФМУ-Скопје во класата на проф. Симон Трпчески. Учесник на повеќе меѓународни семинари . Добитник на бројни награди на меѓународни и државни натпревари.
Музичкиот талент на Дино Имери го носи во некои од најважните културни центри во Македонија и надвор, во Франција, Германија, Австрија, Хрватска…Од Европската пијано програма-проект поддржан од Европската комисија, ангажиран е со настапи, учество во семинари и работилници раководени од еминентни професри од полето на пијанизмот со посети во Македонија, Австрија, Молдавија, Полска, Франција… Реализира снимки за МРТВ, France 3, TV ORF, и др.
Дино Имери со своето пијанистичко делување е мотивација и инспирација за неколку светски композитори кои му посветуваат свои дела токму нему. Меѓу нив е и Колет Муреј од Франција која своето дело “Logos” му го посветува на Дино Имери за да изјави: “Маестро Дино Имери е интерпретатор полн со сензибилитет и длабочина Според мене, тој е еден од најдобрите пијанисти во светот денеска и поседува огромна програма која вклучува и современи композиции. Токму поради тоа одлучив да го посветам моето дело токму нему…”

Similar Posts