|

Рецитал, БЛЕДАР ЗАЈМИ-виолончело, ЕТРИТА ИБРАХИМИ-пијано

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Бледар Зајми,виолончело и Етрита Ибрахими,пијано, што ќе се одржи на 18.03.2015/среда/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен,Јаначек,Дрожак,Соколи,Григ и Мартину.

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал на Бледар Зајми,виолончело и Етрита Ибрахими,пијано, што ќе се одржи на 18.03.2015/среда/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен,Јаначек,Дрожак,Соколи,Григ и Мартину.
Бледар Зајми роден во Тирана. Живее и работи во Чешка. Средно и музичко образование завршил во Тирана.Дипломирал и магистрирал во Прага.Во 1997г.завршува мастерклас во Меѓународната летна Академија во Австрија, а во 1996г. завршува мастерклас на Академијата за чело во Германија.
Учествувал на многубројни натпревари и се здобил со награди, сребрена медала и трето место во Меѓународната музичка комора,натпревар „Premio Rover d ‘oro“ (дуо чело и пијано) во Италија, второ место и специјална награда од жирито во Меѓународната музичка комора во Италија, второ место за чело на Национален натпревар во Албанија.
Моментално е концертмастер – челист солист во оперскиот оркестар во Националниот театар во Прага. Свири во многу земји во светот, како и солист во државната филхармонија во Бруно, Оркестарот Берт.
Бледар има многу снимено за Радио и телевизија во Чешка, Јапонија, Бразил, Германија, Австрија, Хрватска и Бугарија. Има повеќе од 15 соло ЦД-иња со музички камерни оркестри.
Владее со повеќе јазици, албански, чешки, англиски, италијански и германски.
Етрита Ибрахими родена во Тирана во семејство на познати концертни уметници.
Учествувала на многубројни концерти и е наградувана на многу натпревари.
Во 1989 добива стипендија за студии во Италија на Конзерваториумот „Џузепе Верди“ во Торино.
Дипломирала во 1994 со„CUM LAUDE”, кај проф. Ремо Ремоли кој бил омилениот ученик на А. Б. Микеланџели.
Студирала клавичембало во класата на проф. Џорџо Табако на Конзерваториумот „Ѓ. Верди“ во Торино.
Специализирала на Ritmica Instrumentale по методот Сузуки.Била Концертмајстор во Конзерваториумот „Џузепе Верди“ во Торино и претседател на Associazione Suzuki Vercelli и била учесник на разни натревари како Concorso Internazionale во Асти, Торнео „Città di Grugliasco”, Concorso Internazionale “Marco Fiorindo” и др.
Во моментов е уметничка директорка на Меѓународниот фестивал „PIANODROM”
и концерт мајстор во Театарот за Опера и Балет во Тирана.

Similar Posts