|

Рецитал Биљана Јосифов, сопран, Дино Имери,пијано

Почитувани, Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал Биљана Јосифов, сопран, Дино Имери,пијано на 24.12.2013/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт и Шуберт.

Почитувани,
Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на рецитал Биљана Јосифов, сопран, Дино Имери,пијано на 24.12.2013/вторник/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Моцарт и Шуберт.
Биљана Јосифов (1989) е најистакната македонска оперска пејачка – сопран од помладата генерација.
Потекнува од Крушево, каде го завршува основното образование. Уште од најрана возраст покажува афинитети кон музиката а тоа ја води во Средното Музичко Училиште во Битола на отсекот по соло пеење во класата на Проф. Пеце Митревски, а подоцна и во класата на Проф. Магдалена Наумовска.
Oбразованието го продолжува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на отсекот по соло пеење во класата на Проф.Славица Галиќ Петровска во чија соработка најпрофесионално го надградува својот уметнички профил, а во 2012 година додипломските студии ги заокружува со највисока оценка Cum Laude. Во моментот е на постдипломски студии во класата кај истиот Професор.

Дино Имери (1990) е еден од најуспешните македонски пијанисти од помладата генерација.
Ги завршува нижото и средно музичко образование во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” – Скопје во 2008 год. работејќи со еминентниот руски педагог проф. Људмила Романова, а ги продолжува своите студии на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје каде дипломира во 2012 год. со оцена Cum Laude во класата на проф. Борис Романов. Во 2013 год. Имери ги завршува магистерските студии на ФМУ со оцена Cum Laude под менторство на проф. Симон Трпчески со просек 10,00.
Неговиот музички талент го носи во некои од најважните културни центри во нашата земја и надвор.
Дино Имери работеше како хонорарен уметнички соработник во академската 2011-2012 на ФМУ Скопје на часовите по диригирање, а во моментов работи како професор по пијано во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”.

Со почит,
ЈУКултурно-Информативен Центар- Скопје

Similar Posts