|

Промоција на книга „Се е гола вода мој Ѓоргија“

Почитувани,
Културно-Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книга „Се е
гола вода мој Ѓоргија“, роман од Гоце Ристовски, авторско издание, во Салон 19,19 ,на
24.03.2011год.(четврток), почеток во 19:19 ч.
Ристовски-
критичар.Студирал
новинарство. Бил новинар и уредник во „Студентски збор“. По дипломирањето се
вработува во „Нова Македонија“ како уредник на културна рубрика и прилогот ЛИК.
Бил уредник и колумнист во „Шпиц“ и “Време“, а во А1 телевизија, потпреседател на
Фондацијата „Рамковски“.
Автор е на книгите:“Око, раска и видело“,“Мојот автор, мојата книга“, “Ветер и магла“ и др.
Автор е на сценарија за документарни и играни филмови.
Во романот станува збор за вечниот порив за движење низ времето. Се мешаат разни
историски епохи, од античките времиња преку средновековието до совремието и во ист
контекст се доведуваат различни личности и настани, се парафразираат митови и легенди од
минатото и сцени од Библијата и се поставуваат во модерно доба, како преповторување во
нов временски круг.
Романот ќе го промовира проф.д-р Атанас Вангелов, а извадоци од текст ќе чита Арна
Шијак, артистка, музичка изведба Полина Тасева,сопран и Ристо Тасев, пијано и флејта.

Similar Posts