|

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА “ЖЕНАТА ОД БАРОТ” ОД ДИАНА ЧУЛИ

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА “ЖЕНАТА ОД БАРОТ” ОД ДИАНА ЧУЛИ

Културно-Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книга „Жената од барот“, од Диана Чули од Р. Албанија, во издание на“ Македонска реч“, во Салон 19,19 ,на 25.02.2011год.(петок), почеток во 19:19 ч.

Диана Чули е позната албанска писателка.Нејзините дела се претежно романи, но е автор и на книги со раскази, драми, сценарија за филм, студии за прашања за жените итн. Романите „Еленот“,“Реквием“, “Вооружени ангели“ итн. се неколкупати преобјавени.Некои нејзини романи и раскази се преведени на италијански и француски јазик.Два уметнички филма се базирани на дејствата на нејзини романи.

Диана Чули е добитник на наградата  „Најдобар писател“ во 2007год.

Вклучена е во движењето на жените и е претседател на Независниот форум за албанската жена  и во повеќе женски организации во Албанија.Таа беше член на албанскиот парламент.

Романот од албански на македонски го преведе Хана Касапи и е современа прикаска со љубовно социјална тема, која се случува во транзицискиот период.

Романот ќе го промовира проф.д-р Љулиета Исаку, а извадоци од текст ќе интерпретира Теута Јегени.

Similar Posts