|

ПРОМОЦИЈА НА КНИГА ДВЕ ПЕРНИЦИ ОД ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА

Културно-Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книга „Две перници“, раскази од Оливера Ќорвезироска, во Салон 19,19 ,на 20.01.2011год.(четврток), почеток во 19,19 ч.

Оливера Ќорвезироска завршила Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи.

Автор е на следниве книги:“Трети кат“и “Високите бели“ (поезија),“Кифличката Мирна“ и “Мојот брат од тринаесетиот кат“ (романи за деца),“Дедо Миле“ (сликовници заедно со Глигор Костовски- Гишо),“Заклученото тело на Лу“ (роман за возрасни),и др.

Застапена е во петнаесет антологии на современиот македонски расказ, објавени дома и во странство. Нејзините раскази се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, турски, чешки, српски, словенечки, бугарски, полски и руски јазик.

Моќта на расказите на Оливера Ќорвезироска лежи токму во фактот што не потсетува на тоа колку сите ние сме обземени со површинското, општото, големото, кое од нас создава клишеизирани истомисленици, а колку сме сиромашни во забележувањето на посебното, минијатурното, деталот, во чија утроба се кријат илјадници универзуми кои ја имаат моќта од нас да создадат оргинални субјекти со неограничена имагинација.

Книгата ќе ја промовираат, Весна Мојсова Чепишевска и Ангелина Бановиќ Марковска.

Similar Posts