|

Промоција на книга „А/Обдукција на теоријата“ том 1, под наслов “Жива семиотика“ од ВЕНКО АНДОНОВСКИ

Културно Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книгата „А/Обдукција на теоријата“ том 1, која носи поднаслов „Жива семиотика“ од Венко Андоновски, издавач:ГАЛИКУЛ, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критика и есеистика на ДПМ, на ден 8.05.2012год.(вторник),Салон 19:19, почеток во 19:19 часот. Венко Андоновски е еден од најпопуларните македонски писатели, раскажувач, романсиер, драмски автор, поет, есеист, критичар и книжевен теоретичар. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошки факултет во Скопје. Член е на ПЕН центар и ДПМ. Добитник е на многу книжевни награди. Автор е на книгите: “Нежното срце на варварот“ (поезија), “Фрески и гротески“ (раскази), “Папокот на светот“ (роман), “Олово на перница“ (драми) и многу други. Книгата на Венко Андоновски, претставува состав од текстови посветени на книжевната семиотика, како легитимен дел од книжевната наука и како методолошка матрица на книжевната критика на 20 век. Книгата ќе ја промовира, проф.дрКристина Николовска, интерпретација на текст Билјана Беличанец, артистка, музичка изведба Дарко Багески, гитара.

Similar Posts