Промоција на книгата “4×9”

Гоце Ристовски-прозен и драмски автор.Негови книги се продаваат на значајни интернет продавници и библиотеки во САД и Европа и се чуваат во еминентни светски библиотеки.

Автор е на книгите:”Око раска и видело”, “Шишков”, ”Гола вода” и многу други.

Неговата драма “9” е праизведена во 2016г. во Културниот центар во Нови Сад,а преведена е на Српски, Бугарски и Руски.

Автор е на сценарија за документарени филмови и се занимава и со литературен превод.

Добитник е на единствената државна награда за новинарство и публицистика што ја доделува Собранието на Р.Македонија , “Ergo sum” за афирмација и популаризација на театарската уметност и многу други.
Член е на ДПМ,Сојузот на литературни преведувачи на Македонија, на Балканската мрежа за култура и културолошки студии, на Здружението на новинарите на Македонија, на светската асоцијација на театарските критичари.

„9“ е сoвремено напишан текст, без оние класични поставки, но кој токму поради тоа нуди многу предизвици за инсценација. Пред сè тој на поширок план кореспондира са општо распространетото чувство на исчашеност од светот, чувство на преод од еден облик во друг, од реалното кон виртуeлното, но, како тој преод предолго да трае и тој наш поединец сè повеќе личи на некое немоќно суштество на кое ништо не му поаѓа од рака.

Промотор Кристина Николовска,театарски перформанс со Елизабета Стефановска, Благој Чоревски, музички перформанс со Полина Тасева, Иван Петровски, Ристо Тасев Босилски, ликовен перформанс со Зоран Митревски и Живко Поповски Цветин

Similar Posts