|

Промоција на книгата “Создавање на пустината” од Ахмет Селмани

КИЦ-Скопје, ве поканува на промоција на книгата “Создавање на пустината” од Ахмет Селмани, на ден 22.12.2014г.,(понеделник), Салон 19:19, почеток во 19:19часот.

.КИЦ-Скопје, ве поканува на промоција на книгата “Создавање на пустината” од Ахмет Селмани, на ден 22.12.2014г.,(понеделник),Салон 19:19, почеток во 19:19часот.
Ахмет Селмани пишува поезија,проза,есеи,критика,публицистика и преведува.
Има објавено неколку книги:ПОЕЗИЈА И ИНДИВИДУАЛНОСТА (книжевна студија), ПАЗАР НА ЃАВОЛШТИНАТА (раскази), МОИТЕ СОГОВОРНИЦИ (разговори со писатели), ЖИВ СИД (песни), КРИТИЧКИ ДИСКУРС (книжевни осврти), ЗАМРЗНАТ ДУХ (песни) и други.На албански ги превел : Драго Штамбук-БРСТ БОЖЈИ (песни), Дражен Катунариќ-ВРАЌАЊЕ НА БАРБАРОГЕНИИ (есеи), Милорад Павиќ-ХАЗАРСКИ РЕЧНИК (роман).
Во центарот на книгата СОЗДАВАЊЕ НА ПУСТИНАТА, е претставување на тоталитарното владеење на еден неидентификуван или метафоричен крал.Сите настани се одвиваат на епизодичен начин според една одредена селекција почнувајќи од сомнителното доаѓање на власт, тајното одстранување и убивање на неговите противници, нивното заменување со послушните луѓе, нивното апсење и брутално малтретирање, преку уништување на природата во името на отварање на ново земјиште, преку незамисливиот глад на народот, забрана на религијата со посебна наредба…
Книгата ќе ја промовира Фатмир Сулејмани, извадоци од книгата ќе интерпретира Илбер Муртези.

Similar Posts