|

Промоција на книгата “Продавач на илузии” од Никола Д. Сарајлија

Културно-Информативен Центар – Скопје, ве поканува на промоција на книгата „Продавач на илузии“, од Никола Д. Сарајлија, на ден 13.11.2014год. (четврток), Салон 19:19, почеток во 19:19 часот.

Културно-Информативен Центар – Скопје, ве поканува на промоција на книгата „Продавач на илузии“, од Никола Д. Сарајлија, на ден 13.11.2014год. (четврток), Салон 19:19, почеток во 19:19 часот.
Никола Д. Сарајлија, роден 1958 година во Струмица. Дипломирал Југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар-уредник во Радио Струмица и уредник на Струмички весник, а потоа основач и главен и одговорен уредник на Струмица денес, Култум, Зенит. Магистрант на Институтот за македонска литература.
Автор на четири книги поезија. „Промени и спомени“ (НИП Магазин 21, Скопје, 1992) и
„Скала од вода“ (ИД Макавеј, Скопје, 2007) застапени се во електронската библиотека на Проектот Растко Македонија и преведени на бугарски во книгата „Стълба от вода“ (Макавеј, Скопје и Мултипринт, Софија, 2008). „Промени и спомени“ е вклучена во електронското издание „15 роднокрајци“ и спаѓа меѓу првите македонски објави во духот на хаику. „Меѓи на сонот“ (КИ Феникс, Скопје, 2009) е негова трета хаику објава. „Продавач на илузии“ (КИ Феникс, Скопје, 2014) е меѓу првите македонски збирки хаибуни.
Добитник на општински, републички и сојузни награди за поезија. Учесник на меѓународни
поетски манифестации. Застапен во поетски избори и панорами.Преведуван на бугарски, српски , хрватски и италијански.
Никола Д. Сарајлија ја објавува својата автентична, оригинална, издржана и селективна книга со хаибуни „Продавач на илузии“.
Но, тој нема илузии, напротив, уверен е и добро знае дека патот до и на уметноста е макотрпен и трнлив, па го изодува спокојно, обмислено и сигурно, дури би рекле стамено и цврсто.Неговото творечко и животно искуство, но и доживеаноста, искреноста и достоинството, овојпат се инкорпорирани во рамките на хаибуните, како посебен и специфичен вид на јапонската хаику поезија.
Никола Д. Сарајлија (ис)пишува прекрасни страници со дневнички и патеписни записи, формирајќи и создавајќи вистински и необичен, редок и раритетен дневник.
Книгата ќе ја промовира проф.др.Христо Петрески,стихови од книгата ќе интерпретира Крстинка Билјаноска, музичка изведба Ѓорги Трајков,гитара.

Similar Posts