|

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА МОСКОВСКИ ЗАПИСИ ОД ДРАГАН ЈАЊАТОВ

Културно Информативен Центар -Скопје, ве поканува на промоција на книгата МОСКОВСКИ ЗАПИСИ (1993- 2003), во издание на ДИЈАЛОГ, на ден 4.10.2012год.(четврток), Салон 19:19, почеток во 19:19 часот.

Драган Јањатов, новинар на Радио Скопје, а потоа дипломат.Неговата активност се одвиваше во корелација со неговата професионална работа во сферата на надворешно- политичка област и проблематика, поврзани со состојбите и активностите на Р. Македонија на меѓународен план, а во најголем дел во односите и соработката на нашата земја со Руската Федерација.
Покрај работата во Радио Скопје едновремено свои прилози објавувал и на програмата на македонски јазик на Радио Дојче Веле, во својство на редовен дописник. Најголем дел од неговиот публицистички опус е поврзан со изданијата на македонскиот неделник ФОРУМ.
МОСКОВСИ ЗАПИСИ (1993- 2003), е втора книга на Драган Јањатов и претставува збир одбрани публицистички текстови настанати за време на повеќегодишниот престој на авторот во Москва, во својство на акредитиран дипломатски претставник во Руската Федерација во периодот од 1996 до 2000 година. Дел од текстовите, во десет поглавја, третираат разновидна општествено- историска, меѓународно- политичка, верска социјална и културна проблематика од минатото и од современата руска реалност. Најголемиот дел наслови во книгата, се објавуваат за прв пат.
Книгата ќе ја промовираат, акад.Милан Ѓурчинов и проф.Олга Панкина, како и учество на Драган Ампов, баритон и Милан Јанкуловски, пијано, водител Анастасија Стојчевска.

Similar Posts