|

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “ИГРА И СИМУЛАЦИИ” ОД ВЕСНА МОЈСОВА ЧЕПИШЕВСКА

Културно Информативен Центар -Скопје,Салон 19:19, ве поканува на промоција на книгата „Игра и симулации“од Весна Мојсова Чепишевска, издавач:ГАЛИКУЛ, на ден 6.12.2012год.(четврток), Салон 19:19, почеток во 19:19часот.

Весна Мојсова Чепишевска работела како презентер и водител во МРТ,а од 1990год., предава група предмети од областа на современата македонска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Во 2012год., е избрана за редовен професор на истиот факултет. Работи како лектор по македонска литература и јазик на „Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура“.Член е на ДПМ и Советот за македонски јазик при Министерство за култура на Р. Македонија.Учествувала на бројни семинари и симпозиуми, како и на околу 200 трудови во домашни и странски книжевни списанија.Автор е на книгите: “Рацин и експресионизмот“, “Лицето на зборовите“, “Мал книжевен тестамент“ и други.Книгата „Игра и симулации“ има две големи целини. Првата, ги опфаќа игрите што ги играат писателите, а втората ги открива игрите што ги играат читателите / студентите/семинаристите, зошто и самото читање е една голема игра.Книгата ќе ја промовираат, Соња Стојменска Елзесер и Кристина Николовска.

Similar Posts