|

Промоција на книгата „Заедно да растеме” од Филип Димковски

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на Промоција на книгата “Заедно да растеме” од Филип Димковски ,на ден 29.05.2018г. – Салон 19:19, почеток во 13:00. часот/
Филип Димкоски е млад македонски поет. Роден е 1995 година во Прилеп каде завршил основно и средно училиште. Сега е апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Автор е на стихозбирките „Најхранливи зборови од дестак душа радови“, „Божилак на исконот“, „Во градината има само љубов“, „Заедно да растеме“(илустратор: Александра Ацеска) и „Еко дете-чувари на природата“ (илустратор: Јасмина Главинче).
Димкоски пишува поезија за возрасни и поезија за деца, како и кратки прозни форми. Поезијата му е препеана на англиски, италијански, руски, српски, хрватски, бугарски, германски, грчки и ромски јазик, а дел од прозното творештво му е преведено на хебрејски јазик. Добитник е на неколку награди и признанија. Се занимава и со новинарство, соработува со македонски и странски медиуми а го негува и рецитаторството. Беше уредник-соработник во издавачката куќа за деца „Едука МАК“ и член на одборот и водител на Детскиот литературен фестивал „Ракатки“, а десетина години соработува и со додатокот за деца „Колибри“ во Нова Македонија. Одржува средби и работилници со деца во Македонија и во регионов.
Книгата „Заедно да растеме“ ја сочинуваат 38 песни за деца поделени во два циклуси, насловени „Јас, семејството и другарчињата„ и „Запознај ме, засакај ме и јади ме“. Песните се наменети за читателите на возраст од 5 до 11 години, но и занивните родители и роднини.
Книгата ќе ја промовираат Татјана Гогоска и Горјан Петревски,стихови од книгата ќе чита авторот и учество на ученици од Оу Кузман Јосифовски Питу и музичкоито училиште Пијано Форте.

Similar Posts