|

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “АЛХЕМИЈА НА 21 ВЕК ” ОД ДУШКО КРСТЕВСКИ

Културно-Информативен Центар – Скопје, ве поканува на промоција на книгата „Алхемија на 21 век“, од Душко Крстевски, од издавачката куќа „Антолог“, на ден 5.12.2013год. (четврток), Салон 19:19, почеток во 19:19 часот.

Душко Крстевски е роден 1981 година. Дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет во Скопје. Пишува поезија, есеи и музичка критика. Дел од неговото творештво е објавено во периодичните книжевни списанија и на интернет-порталите, а работел и како уредник во неколку издавачки куќи. Учествувал на меѓународниот поетски фестивал СВП. Преведува од бугарски и хрватски јазик.
Поетската збирка „Алхемија на 21 век“ од Душко Крстевски ни прикажува еден нов динамичен начин на согледување на скопското урбано секојдневие, но исто така во песните од оваа збирка провејува и еден суптилен еротизам често пати збогатен со блага доза на иронија.
Книгата ќе ја промовираат Весна Мојсова-Чепишевска и Лидија Капушевска-Дракулевска, а стихови од книгата ќе чита Кирил Мечалов.

Similar Posts