|

„Марика и стравот“, од Емилија Славковска

Емилија Славковска, е самостоен музичар и писател. Има настапувано професионално пет години како музичар.Нејзиното музичко образование започнува кога има 14 години, во ДМБУЦ Илија Николовски – ЛУИ, и завршува со дипломирана Вокална Интерпретација на Факултетот за Аудиовизуелни Уметности – ЕСРА, во Скопје.
Истовремено со нејзиното образование таа е дел од театарски активности, учествува во голем број на претстави, но и пишува активно низ целиот тој период, уште од својата 14 годишна возраст.
Нејзините поеми биле објавени во број на разни списанија и веб страници. Поемата “Папочна врвка” е објавена во Србија како дел од антологија.
Како музичар има настапувано на фестивали во Малта како и Македонија, добивано награди и издадено едно CD, “БОИ”, чија промоција беше во Декември, 2017 година.
Новелата “Марика и Стравот” е нејзината дебитантска книга, која има автобиографски елементи, и зборува за љубов, страв и среќа преку перцепцијата на различни ликови кои сепак нешто ги поврзува.
Секоја приказна води една година назад во иднината, почнувајќи со несреќен почеток и водејќи кон среќен крај.
Книгата ќе ја промовираат Наталија Славковска, стихови ќе читаат Долорес Поповиќ и Виктор Бужаров, музичка изведба Дарко Медарски.

Similar Posts