|

ЛИТЕРАТУРНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА “ДОНЕСИ КНИГА –ЗЕМИ СИ КНИГА”

<p>Културно-Информативен Центар-Скопје,организира,ЛИТЕРАТУРНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА “ДОНЕСИ КНИГА –ЗЕМИ СИ КНИГА”, на ден 9.05.2019г. –Изложбен Салон –Империјал 1, почеток во 11:00часот. Модератор на работилницата-Илија Жоговски.водител- Елена Максимовска ,двајца автори и еден педагог- Горјан Петревски , Татјана Гогоска,Магдалена Чоревска.</p>
<p>Во организација на КИЦ-Скопје, ќе се одржи трибина на тема „Литературата за деца и млади во маѓепсан сокак“. Воведен збор на трибината ќе поднесе писателот Горјан Петревски кој зад себе има обемен опус и, според податоците во градските библиотеки во земјава по бројот на позајмени книги, во повеќе наврати е прогласуван за најчитан писател за деца и млади.<br/>На трибината стручно видување ќе има д-р Мито Спасевски, редовен професор, предавач по предметот Литература за деца и млади при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.<br />На овој културен настан со своите најнови книги за деца промоитивно ќе бидат претставени и две авторки од младата генерација: Анета Велкоска со „Лошиот Јен и Добриот Јанг“ и Виолета Ѓуровска со „Сонови и од нив приказни“, чии наспови неодамна се појавија од печат во издавачката продукција за оваа календарска година на „Македонска реч“ и нема сомнение дека ќе ѝ се допаднат на читателската публика. Притоа авторките ќе имаат и свое искажување при создавањето литература која е блиска до децата.</p>

Similar Posts