|

ЛИТЕРАТУРНА ВЕЧЕР СО ЛИНДИТА АХМЕТИ

Културно Информативен Центар -Скопје, ве поканува на Литературна вечер посветена на Линдита Ахмети, на ден 23.11.2012год.(петок), Изложбен салон- Империјал 1, почеток во 19:19 часот.

Линдита Ахмети е родена 1973год., во Призрен.Се школувала во Скопје, каде што и живее. Нејзините песни се објавени во повеќе списанија на македонски, албански и други јазици и е една од најпреведуваните албански поетеси од Македонија.
Автор е на книгите: “Малини и блуз“, “Камена месечина“, “Син сон“ и други.
За нејзиното творештво ќе зборуваат, Али Алиу и Санде Стојчевски, а извадоци од делата ќе интерпретираат Арна Шијаковиќ Дамовска и Анита Љатифи.

Similar Posts