|

ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА КАКО МЕДИУМ И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ДЕЦАТА ОД НАЈМАЛА ВОЗРАСТ

Културно-Информативен Центар -Скопје, ве поканува на Трибина под наслов „Литературата за деца како медиум и нејзиното влијание врз децата од најмала возраст“, на ден 19.04.2012год.(четврток),Салон 19:19, почеток во 10:10часот.

Трибината се организира со цел да се прозбори за големото значење и влијание на литературата за деца врз развојот на децата од најмала возраст на сите нивоа, но и за се поновата продукција, на токму литература наменета за деца и млади. Трибината има за цел да го сврти вниманието на пошироката јавност и да ги чуе сите релевантни фактори од оваа област за состојбите, кризата и можностите за надминување на истата.

Во рамките на трибината ќе биде промовирана второто проширено издание на книгата „Немирни години“ со наслов „Патување низ детството“ на Татјана Гогоска (збирка драмски игри за деца и млади).

На Трибината воведни излагања ќе имаат двете водечки имиња во активното создавање на литература за деца, писателите Велко Неделковски и Горјан Петревски, свои излагања ќе имаат мрТатјана Гогоска и Фатмира Челику, а на уметничкиот дел ќе учествуваат актерите Изабела Новотни , Роберт Ристов и деца од Драмското студио на Детскиот креативен центар „Ѕвезда“.

Similar Posts