ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА – СЛИКИ ОД БУРИМ АЈДИНИ
ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА – СЛИКИ ОД БУРИМ АЈДИНИ
Во Културно Информативен Центар – Скопје, понеделник, 7 март 2011 год. , во
Изложбениот салон – Империјал 1 , во 20:30 ч. ќе се отвори изложба на слики од БУРИМ АЈДИНИ.
Бурим Ајдини роден е 1980 год. во Тетово. Факултет за ликовни уметности , отсек сликарство , завршил на Државниот Универзитет во Тетово. Магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Приштина во класата на проф. Тахир Емра , 2005 год.
Од 1999 год. работи како професор по ликивно во средното училиштето „ Моша Пијаде“ во Тетово.
Реализирал една самостојна изложба воТетово , а учествувал на повеќе групни изложби во Р. Македонија, Р. Косово , Р. Албанија и на неколку меѓународни ликовни колнии.
На изложбата авторот ќе се претстави со слики работени во техника масло и акрилик, создадени последниве години.
Истата ќе трае до 15. 03. 2011 г.