|

Концерт на дуо СКУПИ

Културно-Информативен Центар – Скопје, има особена чест и задоволство да ве покани на концерт, ДУО СКУПИ- Јета Старова Мехмети, Флејта и Ермал Мехмети, виолина, 27.04.2010, Салон 19,19 , 20,00 час.

На програмата ќе бидат изведени дела од Девиен, Хендл., Пјацола и стари албански фолкорни мотиви во преработка за флејта и виолина од Ермал Мехмети. ДУО СКУПИ последниве години  со голем успех настапува на значајни фестивали и манифестации во Македонија  / ”Охридско лето“,“Есенски музички свечености”, “Топол културен бран”/, во Европа /Франција, Италија, Албанија, Црна Гора, Косово/ и САД.Добитник на признание “DISITINGUISHED MUSICIANS” на меѓународниот натпревар по музика во Рагуса, Италија. Програмата на Дуо Скупи е составена од барокни, класични дела се до современи. Впечатлив дел од програмата се обработки на стари албански фолколрни теми во современ звук.

Јета Старова Мехмети основно музичко образование завршува на Парискиот конзерваториум “Франсис Пуланк”, средно во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј” во Скопје. Дипломира на Националниот музички конзерваториум “Алфред Корто” во Париз, магистрира на Државниот универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Добитник на награди на државни и меѓународни натпревари. Настапува во Македонија и Европа.

Ермал Мехмети основно и средно музичко образование завршува во ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”. Дипломира во Тирана на Академија за убави уметности. Со стипендија на Француската влада специјализира на националниот музички конзерваториум “Алфред Корто” во Париз. Сега е на постдипломски студии по етномузикологија во Институтот за фолкор во Скопје. Ермал Мехмети е активен не само како виолонист на домашната и меѓународната сцена, туку и како композитор и аранжер во разни форми и сфери на музиката. Дела од неговиот творечки опус се наградувани во Македонија и  надвор од неа.

Similar Posts