|

Концерт за пијано и гитара – Колос Цури и Виѓилент Цури

Почитувани, Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концертот на Колос Цури, пијано и Виѓилент Цури, гитара – 11.09.2014 /четврток/ – Салон 19:19 во 19.19часот.

Почитувани,
Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концертот на Колос Цури, пијано и Виѓилент Цури, гитара – 11.09.2014 /четврток/ – Салон 19:19 во 19.19часот. Н
Колос Цури – е роден на 09.04.1996 во Скопје. Основното училиште го заврши во О.У. Живко Брајковски – Скопје каде паралелно следеше настава и во нижо музичко училиште Илија Николовски – Луј, инструмент пијано.
Средното училиште го продолжи во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј во албанска паралелка каде постигна одличен успех. Беше студент во класот на Проф. Едита Хаџи –Хамза. Учествувал на неколку домашни и меѓународни натпревари:

• Натпревар во чест на Chopin и Schumann – трета награда (место
• Натпревар на млади музичари Арскосова 2008 – трета награда
• Натпревар на млади музичари Арскосова 2012 – втора награда
• Трет меѓународен натпревар на млади музичари – Гевгелија – втора награда
Освен натпревари во пиано учествувал и во натпревари по теорија – предмет контрапункт

Прв државен натпревар Михајло Николовски – Битола (2013) – прва награда
Меѓународен натпревар Михајло Николовски – Битола (2014) – прва награда

Виѓилент Цури – е роден на 19.07.2000 во Скопје. Основното училиште го заврши во О.У. Живко Брајковски – Скопје каде паралелно следеше настава и во нижо музичко училиште Илија Николовски – Луј, инструмент гитара кај проф. Ѓоко Грујовски.
Средното училиште го продолжи во ДМБУЦ Илија Николовски – Луј во албанска паралелка каде постигна одличен успех. Беше студент во класот на Проф. Бекир Сејфула.

Similar Posts