|

КОНЦЕРТ ГУДАЧКИ КВАРТЕТ “ЗОГРАФСКИ”

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концерт Гудачки квартет „ЗОГРАФСКИ“ што ќе се одржи на 20.12.2013/петок/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен и Шостакович.

Културно-Информативен Центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на концерт Гудачки квартет „ЗОГРАФСКИ“ што ќе се одржи на 20.12.2013/петок/ во Салонот 19:19 во 20. часот. На програмата ќе бидат изведени дела од Бетовен и Шостакович.
Во почетокот на 2012 година, македонската музичка сцена се збогатува со состав кој го носи името на еден од најзначајните современи македонски композитори Томислав Зографски.
Квартетот го сочинуваат млади и амбициозни музичари – Климент Тодороски-виолина, Горан Муратовски-виолина, Александар Стојчески-виола и Кирил Јосифов-виолончело.
Својот прв настап, гудачкиот квартет го има на фестивалот “Денови на македонската музика 2012” каде е изведена светска премиера на композицијата за гудачки квартет од В. Николовски – Ѓумар.
Досегашниот музички опус на членовите на квартетот опфаќа изведени дела од перидот на романтизмот до дела создадени во 20 век, дела напишани од современи композитори, а значајно место заземаат делата напишани од македонски автори.
Како членови на квартетот “Еквилибриум”, младите музичари зад себе имаат два носачи на звук, соработка со странски композитори како и повеќе настапи на најзначајните музички манифестации во рамки на Република Македонија меѓу кои: Скопско лето, Битолско лето, Денови на македонска музика, Струшки вечери на поезијата и Есенските музички свечености.
Свое меѓународно претставување имаат во Република Хрватска и Соединетите Американски Држави.
Заложбата на “Зографски” квартетот се однесува пред се на афирмирање на камерната музиката во Македонија, соработка со македонските композитори и меѓународно претставување на квартетот.
Од своето формирање, квартет “Зографски” е почесен член на Фондацијата “Томислав Зографски”. 

Similar Posts