КОНКУРС ЗА ЛИТЕРАТУРНА ДЕЈНОСТ

Почитувани,

ЈУ Културно-Информативниот Центар-Скопје,објавува конкурс за организирањe Литературни вечери ,Македонски книжевни текови (промоции на новосоздадени книги во 2021 г.,организирање на трибини, јавни расправи, портрети на писатели, со цел за развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Северна Македонија.

Со цел за квалитетен избор на литературни дела и активности чија промоција, односно, реализација ќе биде подржана со средства обезбедени од Град Скопје. Конкурсот трае до 1.02.2021 година. До Културно-Информативниот Центар-Скопје, e-mail: emcemihajlova@yahoo.com,да доставите ваши предлози за литературни дела од автори од Република Северна Македонија издадени, односно, кои ќе се издадат во текот на 2021година, како и предлози за стручни работилници, трибини, јавни расправи за развој и афирмација на литературата и издавачката дејност, кои би можеле да ги реализирате во и со соработка со Културно-Информативниот Центар-Скопје.

Во прилог на вашите предлози Ве известуваме дека е потребно да доставите проекти за реализација на предметната активност.Изборот на делата, односно на активностите кои ќе се реализираат , ќе го изврши Комисија составена членови на ЈУ КИЦ-Скопје и Град Скопје.

Similar Posts