|

Изложбa-ВЕРИМ ЗЕНДЕЛИ

Ве информираме дека во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот  салон – Империјал 1  , вторник, 20 ноември  2018 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики од ликовниот уметник Верим Зендели.

Изложбата ќе биде отворена до 01. 12. 2018 год.

Во 2007 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Тетовскиот Универзитет, отсек сликарство, во класата на проф. Нехат Беќири. Во 2013 година ги завршил последипломските  студии  , отсек сликарство,  во класата на проф. Заке Прелвукај на Универзитетот во Приштина.

Реализирал тринаесет самостојни изложби во Македонија, Албанија, Косово, Франција и САД.

Тој е активен учесник на многу меѓународни изложби низ целиот свет, уметнички биеналиња, меѓународни изложби за уметничка фотографија, како и симпозиуми и меѓународни уметнички фестивали.

Живее и работи како слободен уметник.

Similar Posts