|

Изложба „Net-CAM – Музеи во мрежа Bal-CAM“

NetCAM е мрежа, која што е неопходна за подобрувањето на културната реалност која создава контакти и надворешни односи. Но овој пат во согласност со неговиот стил на збогатување на уметничката сфера во светот, Музејот за Современи Уметности CAM Casoria има одредено за цел размножување и ‘ртење на музеите на разни локации низ целиот свет.

NetCAM е мрежа, која што е неопходна за подобрувањето на културната реалност која создава контакти и надворешни односи.
Но овој пат во согласност со неговиот стил на збогатување на уметничката сфера во светот, Музејот за Современи Уметности CAM Casoria има одредено за цел размножување и ‘ртење на музеите на разни локации низ целиот свет.
CAM не е само музеј туку идеја за управување. Брилијантна идеја која на меѓународната уметничка сцена е збирка која зборува за историјата на стотици уметници од целиот свет, и им нуди образовно и културно внимание, за нови иницијативи и средби, соработки и размени.
Сега CAM со CAM мрежниот систем ја обезбедува способноста да се биде истовремено на неколку места. Благодарение на брендот кој веќе постои на меѓународно ниво, и на капацитетот за управување со низок буџет и високо културолошко ниво, музејот CAM Casoria предлага создавање на нови музеи за современи уметности – CAM кои ќе бидат поврзани едни со други и ќе бидат управувани од својот штаб во Casoria.
Еден дел од постојаната колекција на дела, по избор на кураторот, како пример за презентација на проектот NetCAM ќе бидат поставени во различни меѓународни градови, но тоа не ќе биде серија на изложби, туку можна основа за основање на други музеи CAM.
Во овој контекст произлегува првиот настан на овој систем кој што е наречен BalCAM – БалКАМ каде што за прв пат ќе се претстави во градот Гостивар, во Македонија, каде што CAM има силна поддршка од страна на Здружението за уметност и култура SILINDAR’T.
Со поддршка од Општинскиот Музеј на град Гостивар, на 4-ти Февруари 2015 год CAM ќе го претстави својот избор на дела од фотографските и видео селекции од постојаната колекција на музејот, чија што цел на ова претставување е воспоставување на соработка за формирање на Музеј на Современи Уметности во рамките на Македонија, како дел од овој проект.
Додека на 6-ти Февруари 2015 год. изложбата се сели во Културно Информативниот Центар КИЦ во Скопје.
Македонија е земја со која што долго време Музејот CAM има испреплетени односи на соработка, и последна реализација на една ваква соработка е изложба во просторите на Касориа (Casoria) со најзначајните македонски уметници, насловена како “Одраз бела, црна или не” во 2013 година, која беше реализирана во соработка со македонското Министерство за култура и НУ Националната галерија на Македонија. Изложбата содржи 30 фотографии и 15 видео проекции.
Истата ќе ја отвори Г. Антонио Манфреди, куратор на изложбата од Италија.

Similar Posts