|

ИЗЛОЖБА НА ФИЛИГРАН од МАРИЈА МИЛОШЕВСКА

ИЗЛОЖБА НА ФИЛИГРАН од МАРИЈА МИЛОШЕВСКА

    Во Културно Информативен Центар – Скопје, четврток,  31 март  2011 год. , во

Изложбениот  салон – Империјал 1 , во  20:00 ч. ќе се отвори изложба  на филигран насловена ОРОРОК илиЛадна жица стопена во жежок ритам од Марија Милошевска, етнолог од Скопје .

 

   Марија Милошевска својата љубов кон традицијата и народната култура, по завршувањето на студиите , ја посветува кон изучувањето на филигранскиот занает. Со уметнички дизајн на накит се занимава од 2005 година и досега  учествувала на 9 групни изложби на филигрански накит ( 8 во Скопје, Струга и Белград ). Ове е нејзина прва самостојна изложба – ОРОРОК или Ладна жица стопена во жежок ритам и е резутат на континуирано 5 годишно творештво фокусирано околу нејзината основна инспирација – Југословенскиот rok ̕ n ̕ roll. Изложбата претставува приказ на уникатни примероци на накит  и инсталации изработени во комбинација  од традиционален филигран и нови иновативни техники на филигранска изработка. Секој од експонатите е поврзан со одредени стихови од песна и претсатавува нивно материјализирање преку автентично творештво. Изложбата ја надополнуваат фотографии печатени на големи сликарски платна на кои експонатите се презентирани од авторите и изведувачите на музиката ( Азра и Хаустор, ЕКВ и Мизар  и др.) и/или во контекст на нивните дела.

    Изложбата ќе трае до 12. 04. 2011 год.

Similar Posts