|

ИЗЛОЖБА НА ТОНИ ШУЛАЈКОВСКИ

На 17.03.2011 (четврток) во изложбениот салон Империјал 1 со почеток во 20,00ч. Ќе се отвори самостојната изложба на слики на Тони Шулајковски насловена „ Интергалактички реакции“ Тони Шулајковски дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Ана Темкова во 1992. Постдипломски студии завршува на истиот факултет во класата на проф. Родољуб Анастасов во 2002г. Член е на ДЛУМ од 1993г. Има реализирано 47 самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Куманово, Битола, Струмица, Виница, Гевгелија, Прилеп, Пробиштип, Кавадарци, Велес, Штип, Кочани, Струга, Ресен, Крива Паланка, Свети Николе, Кичево, Тетово, Делчево, Пехчево и Берово ( Р. Македонија) Љубљана (Словенија), Белград, Ниш, Врање и Деспотовац (Р. Србија), Софија (Р. Бугарија) Берлин (Германија) и Њујорк (САД). Учествувал на преку 50 групни изложби во земјата и странство. Добитник е на две национални награди за своето творештво. На изложбата ќе се претстави со 25 слики изработени во акрил на платно а создадени во последните три години, а истата ке биде отворена до 29. 03. 2011г.

Similar Posts