|

Изложба на слики „Ѕвезди над карпите 2“ од АЛЕКСАНДАР В. НАСТЕСКИ

Александар В. Настески (1948) завршил Педагошка академија во Скопје и Академија на применета уметност во Белград. Досега реализирал 31 самостојна изложба во земјава и странство и учествувал на заедничките изложби на ДЛУМ и ЗЛУТ. Учествувал на меѓународни изложби во Париз, Кањ-сур мер во Франција и во Капо ди Понте, Италија.
Новиот циклус на слики од Александар Настески „Ѕвезди над карпите 2„ настана како резултат од неговите откритија на праисториската-карпестa уметност на тлото на Р Македонија , а најповеќе од гравирите, пиктажите и релјефите од Шара. Тие прекрасни и уникатни ликовно-наративни композиции биле создадени од нашите предци во далечната праисторија од пред десетина илјади години.

Similar Posts