|

Изложба на слики „ Сеќавање“ од Петар Ѓорѓиев – Пљум ( 1936 – 2007 )

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбените салони – Империјал 1 и 2, петок, 4 мај 2012 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики, насловена „Сеќавање“ од Петар Ѓорѓиев – Пљум (1936 – 2007 ).
Петар Ѓорѓиев Пљум роедн е во Патишка Река, Скопско. Училиште за применета уметност завршил 1959 год. и Факултет за ликовни уметности во Скопје . Од 1964 год. до пензионирањето работел како професор во УПУ во Скопје.
Член е на ДЛУМ од 1966 год.
Самостојно, или во соработка со други уметници, изработил повеќе монументални дела во фреско, мозаик, зграфито, гипсени гравури, масло, акварел и други техники.
Од 1960 – 1964 год. работи како сценограф на неколку филма.
Реализирал 10 самостојни и многу групни изложби во земјава и светот..
Добитник е на 4 национални и 2 меѓународни награди.
На изложбата во КИЦ-Скопје ќе бидат изложени 37 дела , работени во техника масло на платно и еден цртеж, создадени 1985 – 2005 год.
Изложбата ќе биде отворена до 15 мај 2012 год.

Similar Posts