|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД САМИ АМЕТАЈ

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во изложбениот салон – Империјал 1 , среда, 2 ноември 2011 год. во 20:00 ч. ќе се отвори самостојна изложба на слики од Сами Ахметај.

САМИ АМЕТАЈ е роден 1956 год. Академија за ликовни уметности завршил во Приштина, кај проф. Фатмир Крупа. Самостојно излагал 2008 год. во Скопје , во галерија „Точка“.Групно излагал на сите изложби организирани од Здружението за ликовни уметници „Арт Визион“ од Скопје.Живее и твори во Скопје.Професор е по ликовно во гимназијата „ Зефљуш Марко“ во Скопје.На изложбата во КИЦ – Скопје тој ќе се претстави со дела работени во техника масло на платно , создадени последниве години.Изложбата ќе биде отворена до 14 ноември 2011 год.

Similar Posts