|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И МОНОТИПИИ ОД ЈАНА КУНОВСКА „ИГРА СО КАРТИ“

На 29.04.2011 ( петок) во изложбениот салон Империјал 2 при Културно Информативниот Центар – Скопје со почеток во 20,30 часот ќе се отвори самостојната изложба на слики и монотипии насловена ИГРА СО КАРТИ од академскиот сликар Јана Куновска.

Јана Куновска дипломира на ФЛУ во Скопје насока сликарство во класата на проф. Танас Луловски. Завршува постдипломски студии по сликарство на истиот факултет во класата на проф. Јован Шумковски.
Има реализирано десетина самостојни изложби во Македонија, Германија, Хрватска и Црна Гора. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија, САД, Словенија, Хрватска и др.
Покрај со сликарството Куновска повеќе години е активна и на полето на графичкиот дизајн, и за своите идејни решенија е добитник на три награди.
На изложбата авторот ќе се претстави со 25 дела изработени во техниката масло на платно и монотипии кои се cоздадени во последните четири години, а истата ќе биде отворена до 10.05. 2011год.

Similar Posts