|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И ГРАФИКИ ОД ПЕТРА ЈОВАНОВСКА

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во изложбениот салон – Империјал 2 , понеделник, 5 септември 2011 год. во 20:30 ч. ќе се отвори самостојна изложба на слики и графики, насловена Коцките се фрлени , од Петра Јовановска.

    Петра Јовановска родена е 1972 год. во Јесеник, Р. Чешка. ФЛУ , отсек графика, завршила во Скопје во во класата на проф. Димче Николов 1995 год.

    Од 1995 год. до 2011 год. реалирирала 13 самостојни ( Р. Македонија, Р. Чешка, Полска, Србија, Хрватска ) и повеќе групни изложби во земјава и странство.

     На излоѓбата П. Јовановска ќе се претстави со 27 дела  ( слики работени во комбинирана техника и графики во линорез)  создадени 2007 – 2011 год.

     Изложбата ќе биде отворена до 17 септември 2011 гoд.

Similar Posts