|

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ И ГРАФИКИ ОД ЛУРАН ОСМАНИ

Во Културно Информативен Центар – Скопје , во Изложбените салони – Империјал 1 и 2, четврток, 1 ноември 2012 год. во 20:00 ч. ќе се отвори изложба на слики и графики од Луран Османи.

Луран Османи е роден во Тетово во 1980 год. Факултетот за ликовни уметности, отсек графика, завршил на Државен Универзитет во Тетово, во класот на проф. Нафи Јашари 2011 год.Ова е негова прва самостојна изложба каде тој ќе се претстави со 20 слики, рабтени во техниката акрилик на платно и 50 графики, работени во техниките дрворез, линорез и монотипија, сите создадени последниве 2 години.Изложбата ќе биде отворена до 13 ноември 2012 год.

Similar Posts