|

Изложба на слики „ БОИ “ од АНГЕЛ ПАНЕВСКИ

Ангел Паневски завршил Факултет за графички дизајн во Манхајм.
Има реализирано 15 самостојни изложби од областа на дизајнот, фотографија, графика и сликарство.
Живее и работи во Германија како слободен уметник.
Овие карактеристични колористични композиции за творештвото на Ангел Паневски, се ослободени од илузионистичко сликарство, од предизвикот да претстават било што од реалниот свет. Тие се ослободени од уметнички догми и разни експресивни чувства или субјективни дилеми и случајности. Тие воглавно, влегуваат во дијалог со историјата на уметност и асоцираат на некое време или епоха со синхронизиран колорит (на пример од поп арт на шеесетите години).

Similar Posts